
Шокантни автобиографски откритија: Мира Фурлан била силувана од позната јавна личност
Покојната хрватска актерка Мира Фурлан во својата автобиографија открила дека во младоста ја силувал човек кој во тоа време ѝ бил добро познат на јавноста.
Препорачано
Во својата автобиографија „Сакај ме повеќе од што било на светот“, актерката открила дека неколку пати во животот била жртва на сексуално вознемирување.
Непријатна случка со еден маж во студентски дом
„Една зимска ноќ влегов да се туширам во заедничката бања надомот. Оставам водата да паѓа врз мене по целиот ден одење по улиците и размисли за мојот осаменички живот без пристаниште. Очите ми се затворени. Уживам во топлата вода на мојата кожа. Одеднаш некој ме фаќа за раменици… Ги отворам очите, до мене под туш е голем, гол маж. Врескам и го туркам. Тој се обидува да ме совлада, но моите крици го избркаа и тој ме пушти. Истрчав надвор од тушот. Трчам на улица обидувајќи се да го покријам моето голо, влажно тело со мала крпа што успеав да ја грабнам во последен момент под тушот. Слушам маж како вика по мене: „Ту es une raciste!“ – реченица идентична со онаа што еден црнец ја извикуваше по мене во Амиен, на едно мое соло патување низ Европа“, напишала таа во својата автобиографија, чиј извадок беше објавен на порталот „javniservis“.
View this post on Instagram
Актерката додала дека овој инцидент не ја повредил премногу, но дека смета дека тоа било уште една опасна ситуација која вешто ја избегнала и многу повеќе ја загрижувала дали нејзиното бегство ќе се смета за израз на расизам.
„Тоа обвинување ми се чинеше потешко од самиот напад. Можеби затоа што никогаш не мислев дека сум во вистинска опасност. Се чувствував непобедлива. Сите тие опасни ситуации беа само интересни приказни, драми или филмови што ги надминав“, напишала Фурлан.
View this post on Instagram
Уште од мали нозе се соочила со сексуално насилство
„Кога имав шеснаесет години, одев по една улица во Загреб среде бел ден. Одеднаш се појавија две големи раце, ме зграпчија со запрепастувачка сила каква што досега не сум сретнала и ме вовлекоа во една темна зграда. Невидливата личност цврсто ме држеше во темнината. Двајцата момци разговараа за тоа што ќе прават следно, спомнаа празен стан на катот. Силата на стисокот беше сосема ново искуство за мене. Ми беше јасно дека нема да можам да избегам. Тогш се исклучив и издигнав над сцената, набљудувајќи ја рамнодушно. Момците беа нервозни. Не можеа да сфатат зошто не се борам и не врескам. „Погледни ја“, рече едниот. „Чудна е“. „Таа е премногу чудна“, рече другиот. И така ме ослободија“, пишува Мира.
View this post on Instagram
Била сексуално нападната од многу позната јавна личност
Слична ситуација ѝ се случила и две години подоцна.
„Вријација на таа сцена се случи две години подоцна, кога јас и мојата пријателка Катја се враќавме дома по проба на Академијата. Одеднаш се појавија двајца момци и почнаа да нè малтретираат. Катја врескаше и удри еден, пцуејќи ги. Но, јас, навистина чудно, му се приближив на едниот од нив, љубезно се насмевнав и учтиво го замолив да престане. Катја се колне дека мојот избор на зборови бил ваков (јас не се сеќавам на тоа): „Ве молам оставете нè на мир. Ветуваме дека ќе бидеме добри девојки. Никогаш повеќе нема да направиме тоа“. (Што нема да направиме повторно? Да одиме по улица?). И повторно реакцијата беше чист шок бидејќи бев „чудна“. Насилниците изгубија интерес и се ослободивме од нив“, раскажала актерката.
Од вирусот Западен Нил, кој беше кобен за Мира Фурлан, само 1% од луѓето развиваат тешки симптоми
Сепак, најлошиот чин на насилство ѝ се случило неколку години подоцна, кога била во нечиј стан по театарска претстава.
„Тоа што бев „чудна“ не ми помогна многу години подоцна, додека муабетев и пиев во нечиј стан после претстава. Одеднаш завршив сама со човек што едвај го познавав, човек од друг град, многу позната јавна личност. Каде се другите? Каде исчезнаа? Ме зграпчи со сила која беше застрашувачка. Ме фати за колено додека ги држеше двете раце над мојата глава. Се чувствував целосно беспомошно. Ми ја покри устата со раката за да не викам. Односот заврши за неколку секунди. Можеби токму неговата брзина ме спаси од стравот од нападот. Мојот ум не можеше да го следи тоа. Се заврши уште пред да можам да сфатам што се случило. Бев запрепастена и без зборови. Тој исчезна за една секунда. Јас, пак, трчав низ улиците на Загреб до дома, повеќе шокирана од дрскоста отколку од длабокото насилство. За момент помислив да одам во полиција, но решив да не го направам тоа. Знаев дека полицајците би си намигнале еден на друг мислејќи „Курва. Си го заслужила“, го опишала своето шокантно искуство Мира Фурлан.
Да потсетиме, познатата глумица Мира Фурлан почина пред една година за божикните празници во Лос Анџелес на 65-годишна возраст поради компликации од западнонилски вирус.