
Шокантна исповед од љубовницата на Кенеди: „Имавме див секс, а потоа забременив. Никогаш не сум слушнала таква реакција!“
Поранешниот американски претседател Џон Фицџералд Кенеди повторно е во центарот на скандал и тоа повеќе од 60 години по неговата смрт.
Препорачано
Нова биографија насловена „ЏФК: Јавно, приватно, тајно“ (JFK: Public, Private, Secret) од авторот Џ. Ренди Тараборели открива низа досега непознати детали од приватниот живот на Кенеди, вклучувајќи и наводна вонбрачна врска со стјуардесата Џоан Лундберг, која тврди дека Кенеди, тогаш уште сенатор, ја принудил на абортус.
Како што пренесува „Пејџ сикс“, Џоан Лундберг, тогаш самохрана мајка на две деца, го запознала Кенеди во 1956 година, кога имала 23 години, а тој 39. Според нејзините ракописи и дневници кои му ги доставила на авторот, нивната романса започнала во Калифорнија. Тој веќе бил оженет со Жаклина Кенеди, а таа – како што вели – не можела да му одолее на неговиот шарм.
„Целата просторија оживуваше кога ќе влезеше. Луѓето постојано му се вртеа околу. Мислев дека е поради тоа што е политичар, но подоцна сфатив дека едноставно таков беше тој – Џек“, напишала Лундберг.
Истата вечер завршиле во скромен мотел, пријавени под лажни имиња: „господин и госпоѓа Роберт Томпсон“. Односот, вели таа, бил „бурен“, а веќе следното утро Кенеди ѝ се доверил за своите стравови и незадоволството од бракот со Жаклин, кој го нарекол „договорен брак“.
Романтиката продолжила и откако Кенеди влегол во трката за претседател на САД. Џоан тврдела дека луѓето често мислеле дека му е сестра, па не се сомневале кога ги гледале заедно. Но, сè се сменило во 1958 година, кога му кажала дека е бремена.
„Се разбесни. Ми рече дека не можам да го задржам детето. Политиката е сè што имам, рече“, стои во книгата.
Ѝ испратил пари за прекин на бременоста, но пликото што го добила било празно.
„Стана неурачунлив. Никогаш не сум слушнала некој така да пцуе“, се присетува Лундберг.
Следниот ден, откако ѝ испратил нова сума, таа отишла на процедурата. Била лута и разочарана, но и реална. Со тоа завршила нивната афера.
Жаклин, според тврдењата, знаела за љубовницата. Во една од сцените во книгата, по интимен однос му велела: „Ова што го правиш со мене во кревет – дали тоа ѝ се допаѓа нејзе?“, мислејќи на Џоан.
Аферата со Џоан не била единствената што му се припишува на Кенеди – со години се зборуваше и за неговата наводна врска со актерката Мерилин Монро.
Да потсетиме, Кенеди и Жаклин имале три деца – ќерката Керолајн и синовите Џон помладиот и Патрик, кој почина само два дена по раѓањето. Кенеди беше убиен во ноември 1963 година, на 46-годишна возраст, а Жаклин почина во 1994 година.
Тајната на розовиот костим кој Џеки го носела кога бил убиен Кенеди