Фејсбук/Инстаграм/ Фото: EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Шок за корисниците на Фејсбук и Инстаграм: Еве што ги чека ако не почнат да плаќаат претплата и не сакаат да ги споделат податоците со Мета

Корисниците на социјалните мрежи почнаа да добиваат известувања од Мета за одредени промени кои компанијата ги воведува на своите најпопуларни социјални мрежи.

Иако многу услуги на интернетот, како на пример, користењето социјални мрежи, видеосервиси и други не ги плаќаме со пари, тие имаат своја цена. Таа цена не се изразува во евра или во долари, туку во пристапот до приватните податоци на корисниците и прикажување огласи базирани на тие податоци.

Компаниите постојано се обидуваат да балансираат помеѓу прикажувањето на огласите кои ќе го привлечат вниманието на корисниците, без премногу да го наруши нивното искуство на користење. Тоа најдобро се гледа кај социјалните мрежи како Фејсбук и Инстаграм, каде што рекламите се вметнати меѓу стандардните објави така што лесно можете да ги прескокнете со брзо скролање.

Но, Мета подготвува новитет кој не само што нема да им се допадне на корисниците на Фејсбук и Инстаграм, туку може сериозно да ги налути, а некои би можеле дури и да ги напуштат овие социјални мрежи или помалку да ги користат.

Корисниците во Европа, на пример, почнаа да добиваат известување од Мета, согласно новите регулативи во регионот, дека сега можат да изберат дали сакаат да користат верзии на Фејсбук и Инстаграм на кои нема да се прикажуваат реклами. Но, ваквото искуство, секако, не е бесплатно, па ако сакате да не ви се прикажуваат реклами на мрежите, мора да плаќате месечно 7,99 евра.

Оние кои не сакаат да плаќаат, ќе продолжат да гледаат реклами, а корисниците во поставките за огласи ќе можат да изберат дали сакаат да им се прикажуваат персонализирани реклами базирани на нивната активност или сакаат помалку персонализирани реклами. Како што стои во соопштението на Мета, во тој случај на корисниците ќе им прикажуваат реклами за брендови и производи кои се помалку поврзани со нивните податоци, но во замена ќе се појави нова форма на рекламирање – пауза за огласи.

Наместо вообичаените реклами вметнати во фидот што можат лесно да се игнорираат, новиот тип реклами ќе се појави на цел екран и нема да може да се прескокне. Корисникот ќе мора да го гледа огласот неколку секунди (на екранот ќе има тајмер кој одбројува колку долго трае паузата), и дури потоа ќе може да продолжи со скролање.

По години навикнување на реклами што се појавуваат во фидот и не се толку наметливи, новата форма на реклами ќе ги шокира корисниците. Имено, кога ќе се појави рекламата, нема да биде можно да се скрола надолу, односно ќе се појавува на екранот одредено време (до неа ќе се појави и часовник што покажува колку долго ќе трае паузата за рекламите) и дури потоа корисниците ќе можат да продолжат да сурфаат. Накратко – рекламата не може да се избегне и не можете да продолжите да скролате додека не заврши, односно додека не помине времето што отчукува часовникот.

Значи, ако не сакате да плаќате на Мета или да користите целосно персонализирани огласи, вашето искуство на Фејсбук и Инстаграм значително ќе се влоши. Сличен принцип веќе постои на Јутјуб, каде што рекламите пред или во видеата не може веднаш да се прескокнат, туку дури по одредено време. И на Јутјуб можете да го избегнете прикажувањето на такви огласи на сличен начин – со плаќање на претплата.

Инаку, како што објавија на The Verge, Мета на некои пазари со тестирање на такви паузи за огласи на Инстагра почна уште лани, па тогаш огласите се прикажуваа на фидот на Инстаграм, но и на рилсовите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот