
Шок на црвениот тепих во Венеција: Манекенка се појави целосно гола, окована само со златни синџири
Шестиот ден од почетокот на 80-иот Филмски фестивал во Венеција, на познатата Мостра го одбележа најголемиот моден преседан, пренесува „Жена.блиц“.
Препорачано
За тоа е заслужна интернет ѕвездата и модел Лејла Депина, која на синоќешната премиера на филмот „Hit Man“ во режија на Ричард Линклејтер го облече најхрабриот фустан, слично на нејзините претходни модни изданија.
Фустанот што Депина го носеше на филмскиот фестивал во Венеција тешко може да се нарече фустан во вистинска смисла на зборот. Металните делови едвај покриваа нешто, градите ѝ беа откриени, како и долната облека во долниот дел од фустанот.

Секој што го знае начинот на облекување на Лејла можеше да очекува вакво нешто. Таа и на фестивалот во Кан носеше фустан во стилот „Облечен сум, но како да не сум“. Изданието од Венеција потсетува на некогашниот стил на Ким Кардашијан, иако оваа гостинка на Мостра успеа да ја надмине дури и неа.
Љубителите на поскромната облека не го поддржуваат ваквото изложување во јавноста, сметајќи го за вулгарно, додека оние кои поддржуваат модни провокации сметаат дека нема место за такви ставови бидејќи модата е всушност слобода. Дали слободата дозволува речиси сè или само тогаш станува бесмислена?
