Шојгу вели дека Украина загубила четиринаесет илјади војници од почетокот на ноември

Сергеј Шојгу / Фото EPA-EFE/GAVRIIL GRIGOROV/SPUTNIK/KREMLIN /

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу тврди дека Украина загубила речиси 14.000 војници од почетокот на месецот.

Тој на колегиумот на Министерството за одбрана изјави дека руската војска „продолжува да го намалува офанзивниот потенцијал на вооружените сили на Украина во сите правци“.

Шојгу рече и дека испораките на беспилотни летала за вооружените сили на Русија се зголемени за 16 пати во споредба со почетокот на претходната година.

Во споредба со почетокот на претходната година, испораките на главните видови ракетно и артилериско оружје за вооружените сили на Русија се зголемени за 4,9 пати. Испораките на оклопни возила се зголемени за повеќе од три пати, а испораките на беспилотни летала се зголемени за 16 пати, рече Шојгу.

Тој додаде дека испораките на муниција се зголемиле за 12 пати, додека испораките на високопрецизни ракети со долг дострел се зголемиле за пет пати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот