Шојгу смета дека влезот на Финска во НАТО го зголемува ризикот од ширење на конфликтот

Сергеј Шојгу/ Фото EPA-EFE/ALEXEI NIKOLSKY/KREMLIN POOL/SPUTNIK/ POOL MANDATORY CREDIT

Пристапувањето на Финска во НАТО создава ризик од значително проширување на конфликтот, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу на состанокот на раководството на руските вооружени сили. Тој рече дека НАТО ја зајакнува својата антируска насока и дека влегувањето на Финска во алијансата претставува опасност од ширење на конфликтот.

Тој исто така рече дека белоруските авиони сега можат да носат руски нуклеарни проектили, потег што најверојатно ќе ги зголеми тензиите, пренесува Ројтерс.

Финска денеска ќе се приклучи на НАТО, проширувајќи ја одбранбената алијанса на 31 членка, откако го надмина противењето од Турција. Таа го поднесе барањето заедно со Шведска во мај 2022 година по руската инвазија на Украина.

Турција продолжува да ја блокира кандидатурата на Шведска за членство поради низа спорни прашања, вклучително и загриженоста на Анкара поради, како што вели, недостигот на соработка во борбата против тероризмот. Членките на НАТО мора едногласно да се согласат да примат нови земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот