Шојгу ги провери нуклеарните подморници на рускиот Далечен Исток

Сергеј Шојгу / Фото EPA-EFE/GAVRIIL GRIGOROV/SPUTNIK/KREMLIN /

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска изврши увид во поправката и модернизацијата на нуклеарните подморници на руската пацифичка флота во едно од водечките воени бродоградилишта, соопшти руското Министерство за одбрана.

Претходно оваа недела, Шојгу учествуваше во разговорите меѓу претседателот Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, кој денеска посети две фабрики за авиони во градот Комсомолск на Амур.

Шојгу изврши увид во изградбата на пловечки пристанишен комплекс и поправка и модернизација на нуклеарни подморници во фабриката „Звезда“ во градот Бољшој Камен, се вели во соопштението на Министерството за одбрана. Во соопштението се додава дека Звезда е водечка компанија за поправка на подморници на руската Пацифичка флота и единствена на рускиот Далечен Исток која е специјализирана за поправка и модернизација на ракетни подморници со нуклеарен погон.

– Сергеј Шојгу побара производствените капацитети на Звезда да бидат максимално оптоварени со цел да се заврши поправката и модернизацијата на подморниците, соопшти Министерството за одбрана.

Шојгу ја посети и фабриката „Прогрес“ во градот Арсениев, во која се произведуваат воени хеликоптери Ка-52. Тој нагласи колку е важно да се подобрат борбените способности на хеликоптерите Ка-52М и заштитата на нивните пилоти.

– Мора да се подобрат борбените способности на хеликоптерите Ка-52М и да се зголеми заштитата на пилотите, рекол рускиот министер за одбрана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот