фото: LFV / Gebril Hassan

Шкотска во пријателски натпревар убедливо славеше против Лихтенштајн

Денеска во пријателски натпревар одигран на Рејнпарк стадионот во Вадуц фудбалската репрезентација на Шкотска славеше со 4:0 против Лихтенштајн.

Гол серијата ја почна Адамс во четвртата минута, а истиот играч ја зголеми предноста во 26 минута.

Во 48 минута Хирст се погрижи за 3:0, а асистентот на тој погодок Адамс го комплетираше својот хет-трик во самиот финиш од средбата (90+4`).

Лихтенштајн е следниот противник на Македонија во квалификациите за пласман на Светското првенство 2026.

Македонија се очекува во Скопје на 7 септември годинава да ја оправда фаворитската улога и да остане во трка за учество на Мундијалот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот