Зградата на Парламентот на Шкотска / Фото: EPA/MAURITZ ANTIN

Шкотска на прагот да ја легализира евтаназијата како опција за терминално болните

Шкотскиот парламент во вторник гласаше за закон со кој ќе им се дозволи на луѓето што живеат во Шкотска со терминална болест да си го одземат животот, со што предлогот е чекор поблиску до тоа да стане реалност во земјата, пренесува Ројтерс.
Пред конечното гласање, Законот за асистирано умирање за терминално болни возрасни лица, ќе премине во фаза на комисија каде што ќе биде разгледан и изменет од страна на членовите на шкотскиот парламент.
Доколку законот биде усвоен, Шкотска ќе им се придружи на земји како Швајцарија, Канада, Нов Зеланд, Австрија и Еквадор кои дозволуваат асистирано умирање во одредени околности.
Ова доаѓа по историското гласање минатата година во британскиот парламент, на кое пратениците поддржаа закон со кој се дозволува асистирано умирање во Англија и Велс.
Шкотскиот закон би им дал на ментално способните возрасни лица на кои им е дијагностицирана терминална состојба право да си го одземат животот, со помош на здравствени професионалци.
Законодавството би вклучувало заштитни мерки како што се независни проценки од двајца лекари и период на размислување од 14 дена. Ќе има услов оние кои бараат асистирана смрт да живееле во Шкотска најмалку една година, а поединците би требало сами да ја администрираат супстанцијата што би им го завршила животот.
Предлог-законот го предложи либерално-демократскиот пратеник во шкотскиот парламент, Лиам Мекартур, во 2021 година, и ова е трет пат пратениците во Шкотска да гласаат за ваков закон. Последното гласање беше во 2015 година.
Пред гласањето, Мекартур им се придружи на поддржувачите пред шкотскиот парламент и рече дека верува оти „политичкото расположение драматично се променило во последните 10 години“.
Групата за кампања „Потер веј“ на својата веб-страница изјави дека е загрижена дека законот, како што е изготвен, би можел да доведе до неправди против лицата со попреченост, оние што живеат со деменција и други.
-Луѓето би чувствувале притисок да умрат поради нееднаквост; принудата врз ранливите луѓе не може да се исклучи; а критериумите за подобност би биле оспорени на судре- рече портпаролот на „Бетер веј“, Миро Грифитс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот