
Ширли Меклејн со шокантно сведоштво: Мерилин Монро во иста вечер спиеше со Џон и Роберт Кенеди!
Видеото од Мерилин Монро како ја пее роденденската песна на Џон Ф. Кенеди доведе до шпекулации дека таа е негова љубовница. Актерката Ширли Меклејн тврди дека Мерилин таа вечер спиела со него и со неговиот брат Роберт.
Препорачано
Имено, во својата книга „Ѕидот на животот: Фотографии и приказни од ова прекрасно време“, меѓу другото, Ширли објавила фотографија направена на 19 мај 1962 година, кога Мерилин му пеела на претседателот.
Меклејн изјавила дека и таа била на афтер-забавата и дека го видела Џон како излегува од спалната соба додека Мерилин останала внатре. Тврди дека Роберт влегол во истата собата неколку секунди подоцна за да има секс со неа.
Таа напиша дека за овој скандал разговарала со нивниот брат Тед Кенеди во 1984 година и дека со смеење ѝ рекол дека „момците постојано се извлекувале со таквото однесување“.
Речиси истото тврдење го изнесе и поранешната новинарка Морин Калахан во нејзината книга „Не прашувај: Кенеди и жените кои ги уништија“. Таа напишала и дека Мерилин ја продолжила врската со Роберт и дека тој бил во нејзиниот дом во Лос Анџелес на 4 август 1962 година, неколку часа пред да почине, пишува Клих.ба.