Шилегов: За неполни седум дена на крај сме со поставувањето мобилна болница до Инфективната клиника (ФОТО)

Во мобилната болница, како што веќе информираше министерот за здравство Венко Филипче, ќе има 130 кревети за третман на пациенти со коронавирус и се очекува таа наскоро да почне да функционира.

Меѓуинституционалната соработка вроди со плод. На крај сме со поставувањето на полската болница во близина на Клиниката за инфективни болести. За неполни 7 дена. Град Скопје, Министерство за здравство, Министерство за одбрана, институции со светски стандарди на исполнителност, објави вечерва на својот ФБ профил градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, кој изрази благодарност до вработените во овие институции.

Во мобилната болница, како што веќе информираше министерот за здравство Венко Филипче, ќе има 130 кревети за третман на пациенти со коронавирус и се очекува таа наскоро да почне да функционира.

– Мобилната болница треба да го надополни капацитетот, тоа е болница која ја користи Армијата. Имавме интензивна комуникација со министерката за одбрана и целосно излегоа во пресрет од Армијата, а понатаму градот Скопје што го обезбеди просторот каде таа ќе биде сместена. Сметаме дека треба да биде блиску и да се надополни капацитетот на Инфективната клиника, зашто тука е и експертизата и тука е и можноста да ротираат тимовите. Значи ќе има врски со Клиниката, ќе има и соодветни услови, тоалети, тушеви, и кревети. Капацитетот ќе биде 130 кревети. Сегашниот капацитет на клиниката е 110 легла. Сметам дека ќе биде сосем доволен и може да се направи и добар распоред согласно клиничката слика на пациентите, рече Филипче.

Мобилната болница е поставена на просторот, каде што беа бараките на поранешниот студентски дом „Медицинар”, кои Град Скопје ги урна и го уреди просторот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот