
Шест нови правила во Премиер лигата
Англиската Премиер лига која сезонава беше една од најинтересните и најнезвесните во историјата поради „мртвата“ трка за титулата помеѓу Манчестер сити и Ливерпул, разочарувачките игри на Манчестер јунајтед и поради судиите.
Препорачано
Токму поради судиите кои имаа неколку големи грешки и превиди на натпреварите, челниците на Премиер лигата воведоа шест нови правила за следната сезона.
Играње со рака – во новата сезона секое играње со рака ќе биде санкционирано. Повеќе нема да се гледа дали раката била залепена за телото на фудбалерот или тој имал намера да игра со нас. Секој контакт на топката со рака ќе се суди, што ќе доведе до зголемување на пеналите во наредната сезона.
Пенали – голманите нема да можат се движат на гол линијата и да истрчуваат напред. Една нога на голманот ќе мора да биде на гол-линијата и пред изведувањето на пеналот нема да смеат да ги допираат стативите и пречката.
Слободни удари – Тимот кој го изведува слободниот удар нема да смее да постасува свои играчи во „живиот“ ѕид туку во него мора да бидат само фудбалери кои се бранат.
Замени – Премиер лигата одлучи да стави крај на навиките на фудбалерите да го задржуваат времето при измените. Од наредната сезона, фудбалерот ќе смее да го напушти теренот на било кое место, за да не се губи време.
„Мртва“ топка – Ова беше бравило кое внесуваше забуна во последните неколку години. Од наредната сезона, топката во ваквите случаи ќе му припадне на тимот чиј играл последен имал контакт со неа.
Картони за тренери – Отсега и тренерите почесто ќе бидат санкционирани со жолт или црвен картон за нивното неспортско однесување.