
Шерон Стоун откри дека излегувала со 17 години помладиот рапер Нели: „Не траеше долго…“
Американската актерка Шерон Стоун ги изненади сите откривајќи дека претходно излегувала со познатиот рапер Нели, кој е 17 години помлад од неа, пренесува „Пипл“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Во емисијата „ледајте што се случува во живо“, водителот Енди Коен ѝ постави на актерката директно прашање кое ја изненади публиката: „Шерон, дали си излегувала со Нели?“
Без многу двоумење, Стоун потврди: „Да, сум излегувала“, што предизвика гласни реакции и воздишки од публиката.
Сепак, романсата не траела долго, а Стоун откри дека двајцата никогаш повеќе не излегле на состанок.
Коен ја праша дали романсата се развила понатаму, а Стоун одговори: „Не, не се развиваше.“
Актерката, која живее без постојан партнер повеќе од две децении, последен пат беше во брак со новинарот Фил Бронштајн. Нивниот брак траеше 16 години и заврши со развод во 2004 година. За време на нивниот брак, двојката го посвои синот, Роан, во 2000 година, кој сега има 25 години. По разводот, Стоун посвои уште две момчиња – Леирд (20) и Квин (19). Пред да се омажи за Бронштајн, Шерон Стоун беше во брак со Мајкл Гринбург од 1984 до 1987 година.
Додека пак, раперот Нели е во брак со пејачката Ашанти од декември 2023 година. Двајцата претходно беа во врска од 2003 до 2013 година, а ја обновија својата романса години подоцна. Во јули 2024 година, тие го добија своето прво заедничко дете.
Шерон Стоун откри дека била злоставувана од нејзиниот дедо: „Тој беше насилник и предатор!“