Шенчур го оддалечи ТФТ од плеј-офот во АБА 2 лигата

фото: ABA League j.t.d./Dragana Stjepanovic

Македонскиот кошаркарски клуб ТФТ претрпе нов пораз во АБА 2 лигата откако загуби со 74:91 од словенечкиот Шенчур. Екипата од Тафталиџе во првиот натпревар од турнирот во Бања Лука, доживеаја непријатно изненадување, беше совладана од екипата која во досегашниот дел од сезоната не знаеше за победа.

Сè што градеа како предност во првото полувреме, кошаркарите на ТФТ го загубија во само три минути, оние последните од планираните први 20. По тројката на Костоски, негова втора во првиот дел од играта, ТФТ поведе со 35:30. Но, потоа противникот направи серија од 10:0, и одморот го дочека со највисоко водство (35:40).

Серијата на Шенчур продолжи и по паузата, поведе и со 43:35, а нешто подоцна, „жолтите“ имаа и двоцифрена предност (49:39). Токму Батрик и Костоски одржуваа резултатски приклучок (44:51) во слабото издание на „црно-белите“. Ги погодија сите шест тимски тројки (по три) од вкупно 20 обиди, до првиот тајм-аут во третата четвртина.

Дури во финишот, со мини-серија од 8:1, ТФТ се врати во игра за позитивен резултат. На последниот „мал одмор“ беше во негатива од само пет поени (54:59). Но, ја немаше онаа препознатлива игра на ТФТ на овој натпревар, во кој се чини дека ги загубија и оние минимални шанси за позиција која води во доигрувањето за место кое води во АБА лигата.

За ТФТ најефикасен беше Костоски со 18 поени, следен од Батрик кој запиша 16, а на спротивната страна по 19 коша имаа Муриќ и Ахмедовиќ.

По осум одиграни натпрвари, ТФТ има скор од две победи и шест порази. Во наредното деветто коло, составот на тренерот Боро Смилковски ја чека дуел со екипата на Широки, закажана е за 26 јануари, од 15.00 часот, исто така во салата „Борик“. Веќе в среда вториот македонски претставник, Пелистер, ќе го одигра својот меч од ова осмо коло во АБА 2 лигата. Од 15.00 часот, битолчани кои имаат ефект 4-3 за противник ќе го имаат сараевски Спарс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот