Радмила Шекеринска / Фото: МИА

Шекеринска порача дека НАТО „нема да дозволи безбедносен вакуум“ во Босна и Херцеговина

Заменичката на генералниот секретар на НАТО, Радмила Шекеринска, денес изјави дека алијансата нема да дозволи безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина, откако лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, објави дека ќе побара од Москва со вето во Советот на безбедност на Обединетите нации да ја прекине воената мисија ЕУФОР во таа земја.

Шекеринска изјави дека НАТО-алијансата е „трајно посветена на суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина“.

Таа додаде дека НАТО нема да дозволи дестабилизација во земјата, соопшти канцеларијата на бошњачкиот член на колективното претседателство на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ, кој се сретна со Шекеринска.

„Без оглед на исходот од претстојната седница на Советот за безбедност на ООН, НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина“, рече Шекеринска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот