Шефот на кинеската дипломатија во посета на неколку европски земји

Ванг Ји / Фото EPA-EFE/MARK R. CRISTINO

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји оваа недела ќе отпатува во Европа за да учествува на Минхенската безбедносна конференција во Германија, соопшти денеска ресорното министерство.

Во европската турнеја на Ванг, закажана од 16 до 21 февруари, ќе бидат вклучени и Шпанија и Франција, каде што ќе учествува во стратешкиот дијалог меѓу двете земји, објави кинеската дипломатија.

Посетата на кинескиот министер на Шпанија ќе биде прва по шест години, додека посетата на Франција е во чест на 60-годишнината од дипломатските односи.

Франција, под водство на генералот Шарл де Гол, во 1964 година беше првата голема западна земја која воспостави дипломатски односи на амбасадорско ниво со Кина.

Конференцијата во Минхен, која почнува утре, секоја година собира функционери од целиот свет и треба да биде вистински барометар на трансатлантските односи.

Ванг ќе одржи говор на таа конференција.

Во Минхен се планирани серија билатерални средби на странски лидери на кои ќе се разговара за поддршката на Украина во војната против Русија и ситуацијата на Блискиот Исток.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен е дел од американската делегација предводена од американската потпретседателка Камала Харис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот