Шефот на иранската дипломатија тврди дека наскоро ќе преземат „превентивна акција“ против Израел

Иранско знаме / Фото: EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

Шефот на иранската дипломатија Хосеин Амирабдолахиан синоќа во интервју за иранската државна телевизија изјави дека а во следните часови може да се очекува „превентивна акција“ и оти на Израел нема да му биде дозволено да преземе каква било акција во Појасот Газа без да се соочи со последици.

– Лидерите на Отпорот нема да дозволат ционистичкиот режим да преземе каква било акција во Газа … Сите опции се отворени и не можеме да бидеме рамнодушни кон воените злосторства извршени врз народот на Газа, истакна Амирабдолахиан.

Тој без да изнесе детали посочи дека „отпорот е способен да води долготрајна војна со непријателот (Израел) … во наредните часови, можеме да очекуваме превентивна акција од фронтот на отпорот“.

Минатата недела, ајатолахот Али Хамнеи изјави дека Техеран не бил вклучен во нападот на милитантната група Хамас врз Израел на 7 октомври, но го поздрави, како што го нарече, „непоправливиот воен и разузнавачки пораз на Израел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот