Шефот на американската дипломатија на турнеја низ арапските земји

Блинкен во Израел / Фото: Jacquelyn Martin / AFP / Profimedia

Американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска ја почна турнејата низ арапски престолнини додека се обидува да го зајакне притисокот врз Хамас, а Израел подготвува копнена офанзива врз Појасот Газа по нападите на милитантите.

Највисокиот американски дипломат во Аман ќе се сретне со јорданскиот крал Абдула Втори, долгогодишен партнер на САД, и со палестинскиот претседател Махмуд Абас, потоа ќе ги посети Катар, Саудиска Арабија, Египет и Обединетите Арапски Емирати.

Блинкен вчера беше во Тел Авив каде вети непоколеблива солидарност на американскиот сојузник Израел по ненадејната офанзива на Хамас на 7 октомври, кој уби над 1.200 луѓе и зеде околу 150 заложници.

Израелските власти денеска повикаа на итна евакуација на 1,1 милион луѓе во Појасот Газа, кој е под контрола на Хамас, што веќе е под израелска блокада.

Катар, каде Блинкен ќе замине веднаш по Јордан, има долгогодишни врски со Хамас и се сметаше за посредник во ослободувањето на заложниците.

– Ќе продолжиме да ги притискаме земјите да помогнат да се спречи ширењето на конфликтот и да ги искористиме нивните влијанија врз Хамас за веднаш и безусловно да се ослободат заложниците, рече Блинкен синоќа во Тел Авив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот