Instagram

ФОТО | Шармантното италијанско гратче Портофино стана дестинација од соништата

Како да е насликано, ова италијанско гратче, на брегот на Лигурското Море, стана место кој би го посетил светскиот џет-сет, но и туристите од целиот свет.

И иако Портофино е интересено во текот на целата година, во текот на летните месеци бележи најголем број посети. Затоа можеби најдобро е да го запознаете овој мал град во пролет и во есен. Сепак, можеби најдобро време за посета е околу 23 април, кога се слави денот посветен на Свети Џорџ, заштитникот на Портофино.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Visit Portofino (@visitportofino)

Изграден е во форма на амфитеатар, препознатлив е по фасадите на куќите со светли бои, кои му даваат посебен шарм. Во областа околу Портофино има регионален природен парк, додека водите на Лигурското Море во тој дел се окарактеризирани како морски резерват.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Visit Portofino (@visitportofino)

Се верува дека античкиот римски писател Плиниј е заслужен за тоа што за време на римското владеење Портофино го нарекувале и „Пристаништето на делфините“.

Иако не е особено голем во однос на површината, што го покажува и фактот дека таму живеат само неколку стотици постојани жители, медитеранскиот дух се чувствува на секој чекор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Visit Portofino (@visitportofino)

Еден од најинтересните настани во Портофино, кога се во прашање членовите на џет-сетот, е оној кога Ричард Бартон ја запросил избраничката на своето срце, Елизабет Тејлор во хотелот „Сплендидо“.

Вообичаено, туристите кои доаѓаат во Портофино на одмор се решаваат да ја посетат и Џенова, која е оддалечена околу 40 километри, и Чинкве Тере, што е на нешто повеќе од 80 километри од Портофино.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Visit Portofino (@visitportofino)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот