Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Шампионот на Холандија влегува во трката за потписот на Миовски?

Aктуелниот шампион на Холандија, тимот на Феенорд сака во своите редови да го доведе македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски.

Холандските медиуми пренесуваат дека македонскиот голгетер е една од опциите за новата сезона во која Феенорд би требало да претрпе промени во напаѓачката линија.

Претходно Миовски се поврзуваше со Селтик и клубови од Премиер лигата. Неодамна сосема заслужено со неговите добри настапи си обезбеди и место во идеалниот тим на шкотската Премиер лигата.

Сезоната штипјанецот ја заврши со 14 гола и ова е негова најуспешна сезона. Кога се сите натпреварувања во прашање Миовски собра 48 настапи и постигна 24 гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот