Шаленберг утре ќе учествува на Преспа форумот за дијалог во Охрид

Александар Шаленберг
Александар Шаленберг / Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Министерот за надворешни работи на Австрија Александар Шаленберг, по посетата на Белград и Приштина, утре ќе учествува на Преспа форумот за дијалог во Охрид, каде ќе продолжи да лобира за австрискиот нон-пејпер.

Тој заедно со шефовите на полската, словачката и турската дипломатија Збигњев Рау, Иван Корчок и Мевлут Чавушоглу ќе учествува на панелот „Што по војната во Украина”. Панелот ќе се фокусира на последиците од војната во Украина врз стабилноста на Западен Балкан и проширувањето на ЕУ.

Според австриското Министерство за надворешни работи, Шаленберг на маргините на форумот ќе има билатерални средби со турскиот колега, како и со специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

На средбата со Чавушоглу, покрај билатералните односи, тема ќе бидат и напорите на Турција за посредување меѓу Русија и Украина.

Шаленберг на средбата со Ескобар сака да се заложи за уште поблиско усогласување меѓу ЕУ и САД во однос на Западен Балкан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот