Фото: EPA-EFE/ANTONIO PEDRO SANTOS

Шаленберг: Проширувањето на ЕУ со Западен Балкан да биде на агендата на португалското претседателство

Австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг денеска во Лисабон изрази жалење поради тоа што разговорите за членство со Северна Македонија и Албанија не започнаа за време на германското претседателство со ЕУ.

Во разговор со неговиот домаќин, шефот на португалската дипломатија Аугусто Сантош Силва, Шаленберг се заложи проширувањето на Унијата кон Западниот Балкан да биде на агендата на претседавањето на Португалија со ЕУ, во првата половина на следната година.

Шаленберг изјави дека е штета што останатите членки на ЕУ не успеале да ја убедат Бугарија да се откаже од блокадата на европскиот пат земјава, но нагласи дека сепак на одлагањето на процесот на проширување на Унијата свое влијание имала и пандемијата на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот