Шаќири: За врсничкото насилство не е одговорно само МОН, треба да се вклучат сите институции и родителите

Јетон Шаќири - министер за образование / Фото: „Слободен печат“ / Методи Здравев

Врсничкото насилство не е одговорност само на Министерството за образование и наука, туку сите институции треба да се вклучат во превенција на оваа појава, изјави министерот Јетон Шаќири и апелираше до сите институции да се посветат на овој проблем согласно нивните надлежности и до родителите да соработуваат за да има што помалку случаи на булинг.

– Откако отворивме е-пошта, многу случаи од таква проблематика се решени со добра комуникација помеѓу родителите, директорите, претставниците на институциите. Во одредени ситуации не е одговорност само на Министерството за образование и наука, без разлика на моментите кога се случува, туку сите институции треба да се вклучиме во оваа проблематика, изјави Шаќири одговарајќи на новинарско прашање за тоа што МОН презема за да се справи со врсничкото насилство кое периодов е сè позачестено.

Тој порача дека Бирото за образование и наука треба продолжи со обуки на наставниците на таа тема. Општините, како што рече, да бидат повнимателни во менаџирањето на училиштата, а стручните служби во училиштата повнимателно и попосветено да работат на оваа проблематика.

– Но јас ги повикувам и родителите на добра соработка за да имаме што помалку такви случаи. Затоа што сите се во контакт со учениците, почнувајќи од училиштата, но исто така и родителите. Секогаш да пријавуваат тоа што треба да се пријави во училиште, а исто така и во другите институции, додаде министерот за образование и наука.

Министерството минатата учебна година отвори службена е-адреса за пријавување врсничко насилство: [email protected] и [email protected] на албански јазик.

Тој порача дека Бирото за образование и наука треба продолжи со обуки на наставниците на таа тема. Општините, како што рече, да бидат повнимателни во менаџирањето на училиштата, а стручните служби во училиштата повнимателно и попосветено да работат на оваа проблематика.

-Но јас ги повикувам и родителите на добра соработка за да имаме што помалку такви случаи. Затоа што сите се во контакт со учениците, почнувајќи од училиштата, но исто така и родителите. Секогаш да пријавуваат тоа што треба да се пријави во училиште, а исто така и во другите институции, додаде министерот за образование и наука.

Министерството минатата учебна година отвори службена е-адреса за пријавување врсничко насилство: [email protected] и [email protected] на албански јазик.

Како што МОН соопшти тогаш, со отворањето на електронската адреса, се воспоставува брз, доверлив и безбеден начин, преку кој учениците, родителите и граѓаните можат да пријават инциденти.

МОН тогаш нагласи дека ваквиот начин на комуникација е „дел од системот за идентификување и запирање на непосакуваните однесувања“ и дека „секоја пријава ќе се истражи и ќе се преземат соодветни мерки“.

Минатата недела „Слободен печат“ објави дека во центарот на Скопје, во близина на грчкиот конзулат петнаесетгодишно девојче од скопска гимназија, брутално било претепано од две девојчиња, од кои едното и е соученичка и претседателка на класот.

Девојчето се здобило со хематом на окото, набиеници на вратот и десната плешка, хематом на главата, повреди на колената и тешки трауми.

Двете тинајџерки се соочуваат со поведени постапки од страна на ОЈО Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот