Шаќири: Ги разгледуваме можностите како да ги наградиме студентите со висок успех

Јетон Шаќири - министер за образование / Фото: „Слободен печат“ / Методи Здравев

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири во утринската програма „Слободен печат“ на Слободна ТВ соопшти дека во тек се разговори со Министерството за економија и се разгледува секоја можност како да се наградат студентите со висок успех.

-Не знам како ќе се одвива, но е за поздравување бидејќи првпат со Министерството за економија ќе воведеме начин за поддршка на оние студенти кои се одлични или за сите студенти, зависи од анализата што ќе ја направиме. Овие мерки треба да продолжат и после тој рок од шест месеци – појасни Шаќири.

Во гостување на Слободна ТВ, Шаќири додаде и дека во текот на наредните денови се очекува да помине предлог-законот за аплицирање за деветтиот пакет антикризни мерки.

Можам да кажам дека ние како Министерство дадовме предлог како треба да изгледа начинот на аплицирање, бидејќи се работи за голема бројка на основни и средни училишта, различни средини и нашиот предлог е дека во овој процес аплицирањето, особено во основните училишта каде децата се на многу мала возраст, треба да оди прво преку родителите и училиштето, а потоа тие податоци да бидат доставени до МОН, а ние со комисија ќе ги доставиме до УЈП, појасни министерот.

Според Шаќири, за пакетот антикризни мерки очекуваат да се пријават околу 150.000 основци и средношколци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот