Северина се огласи откако судот ѝ го врати синот: Им благодарам на сите за 28 дена љубов

Фото: Instagram / severina

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ и нејзиниот поранешен партнер Милан Поповиќ повторно го делат старателството над синот Александар, потврди тимот на пејачката.

Жупанискиот суд во Сплит ја повтори претходната конечна одлука, според која таткото и мајката се обврзани „договорно, заеднички и рамноправно да ја вршат родителската грижа“.

Сега, Северина се огласи преку својот инстаграм-профил откако судот ѝ го врати синот.

„Животот ме научи дека љубовта се враќа со љубов. Така беше и во изминатите четири недели (од пресуда до пресуда). Затоа, им благодарам на сите за неверојатните 28 дена љубов и поддршка со кои ме опсипавте. Ме хранеше со силата што ја насочив кон мојот син. Но и да им помогне на другите. Различни. Секој кој доживеал тага знае како е да се живее со тага. За жал, јас сум една од тие луѓе и затоа ве разбирам сите. Единствената помош што можеме да си ја пружиме е поддршката! На секој човек на кој му е направена неправда, на кој се гледа различно, на кој нема заштита. Јавно, сега и веднаш. За да бидеме добро општество, добра земја – сите граѓани мора да бидат еднакви, еднакви пред законот, но пред сè еднакви во срцето“, напиша таа.

Пејачката најави и објавување на нова кампања со која е „исклучително горда“.

„Посветена е на луѓе кои не се гледаат како „нормални“, на „болни луѓе во општеството“, кои едвај се прифатени од околината, а се исти како нас. А единствените „болни луѓе од нашето општество“ се оние кои јавно ги осудуваат „различните“, кои би им ги одзеле правата и еднаквоста“, додаде пејачката.

Судот ѝ го врати синот на Северина: „Нема да запрам тука, ќе барам целосно старателство“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот