
Сестрата на Доли Партон побара од фановите да се молат за неа: „Таа не се чувствува добро“
Фрида Партон, сестра на пејачката Доли Партон, ги повика обожавателите да се молат за неа, бидејќи Доли продолжува да се соочува со здравствени предизвици. Минатата недела, Доли ги одложи своите концерти во Лас Вегас до септември 2026 година поради нејзината здравствена состојба, пренесува „Би-би-си“.
Препорачано
Фрајда се обрати до јавноста на социјалните мрежи. „Цела ноќ се молев за мојата сестра, Доли. Многумина од вас знаат дека таа не се чувствува добро во последно време. Вистински верувам во моќта на молитвата и почувствував повик да го замолам целиот свет што ја сака да се моли со мене“, напиша таа. „Таа е силна, сакана е и со сите молитви за неа, знам дека ќе биде добро. Среќно, сестро моја Доли. Сите те сакаме!“, додаде таа во објавата.
Со оваа објава, Фрида ги исплаши фановите, а во коментарите започнаа дискусии за здравствената состојба на Доли. Поради ова, таа подоцна додаде уште еден пост во кој ја објаснува ситуацијата и ги смирува своите обожаватели.
„Само сакам да разјаснам нешто. Не ми беше намера да исплашам некого или да звучам премногу сериозно кога побарав молитви за Доли. Таа не се чувствува добро во последно време, а јас едноставно побарав молитви затоа што длабоко верувам во нејзината сила. Тоа не беше ништо повеќе од мала сестра која се моли за својата постара сестра“, напиша таа.
Минатата недела, 79-годишната Доли ја одложи својата турнеја во Лас Вегас до септември 2026 година. Таа требаше да одржи шест концерти во Колосеумот во Цезар Палас помеѓу 4 и 13 декември. Пејачката не откри детали за нејзините здравствени проблеми, но рече дека „нема да може да се подготви“ за настапите.
View this post on Instagram
Сепак, таа се пошегува дека лекарите ѝ рекле дека е „време за преглед по 160.000 километри, само што овој пат нема да оди кај својот пластичен хирург!“
Ова беше исклучително тешка година за Доли. Во март почина нејзиниот сопруг, Карл Томас Дин (82), со кого беше во брак речиси 60 години. По неговата смрт, пејачката изјави дека „го ставила пишувањето нови песни на чекање“ за да се опорави од загубата.