Серија земјотреси регистрирани на границата со Албанија

Земјотрес сеизмограм
Сеизмограм / Фото: EPA-EFE/DAVID CHANG

Серија земјотреси регистрирани се утрово по осум часот со епицентри кои се наоѓаат на 100 километри југозападно од Скопје во Република Албанија и потекнуваат од епицентралното подрачје Дебар.

Како што потврди Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, од оваа серија земјотреси во западните и северозападните делови на земјава почуствувани беа пет со магнитуда до 4.4 степени по Рихтер и интензитет меѓу III и IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Првиот бил регистриран во 8.05 часот со локална Рихтерова магнитуда од 3.4, вториот во 8.09 часот со магнитуда од 2.7, во 8.10 часот со магнитуда од 4.4, во 8.11 часот со магнитуда од 3.6 и во 8.14 часот со локална Рихтерова магнитуда од 2.6 степени.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот