Серија земјотреси денеска меѓу Лерин и Битола, најсилниот 3 степени по Рихтер

Земјотрес сеизмограм
Сеизмограм / Фото: EPA-EFE/DAVID CHANG

Серија земјотреси во Грција, во пограничното подрачје помеѓу Битола и Лерин, со епицентри 120 километри јужно од Скопје, регистрираше денеска Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

– Според досегашните податоци, од населението во градот Битола и околината најсилно беше почувствуван земјотресот во 10.46 часот, со локална Рихтерова магнитуда 3.0 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, информира Опсерваторијата.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот