СЕРИЈА НА ТОРНАДА ПРАВАТ ХАОС ВО СРЕДНА АМЕРИКА: Пет милиони луѓе без струја ( ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Националната администрација за океан и атмосфера (НОАА) соопшти дека прелиминарниот изештај за страшните олуи покажува дека дури 52 торнада се појавиле во понеделникот во осум држави во САД.

Засега нема информации за евентуални жртви од серијата на торнада кои го зафатиле средниот дел на Америка.

Според извештајот на НОАА, 14 торнада се случиле во Индијана, 10 во Колорадо и 9 во Охајо.

Шест торнада биле пријавени во Ајова, пет во Небраска, четири во Илиноис, три во Минесота, додека едно торнадо било пријавено во Ајдах на запад.

Властите во Дејтон (Охајо) информирале дека серијата на торнада предизвикале неколку поситни повреди кај лица, но дека немало смртни случаи во градот.

Околу пет милиони луѓе вкупно останале без струја, што се случило поради силните торнада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот