Тунис / Фото: EPA/MOHAMED MESSARA

Сепак ќе куртули Тунижанецот осуден на смрт поради објава против претседателот на „Фејсбук“

Тунижанецот Сабер Чушан, кој беше првиот во земјата осуден на смртна казна поради објава на „Фејсбук“ во која го критикувал претседателот на државата, денеска е ослободен од обвиненијата, јавува „Ашарк ал-Авсат“.

56-годишниот Чушан беше осуден на смрт поради објави на Фејсбук кои биле протолкувани како навредливи кон претседателот на земјата, Каис Саид.

Ослободувањето на Чушан, кое дојде по бранот критики од групите за човекови права, беше потврдено за медиумите од неговиот адвокат Осама Бутеља, како и од неговиот брат, Џамал ​​Чушан.

Групата за човекови права „Амнести интернешнл“ соопшти дека Чушан е ослободен врз основа на „претседателско помилување“.

Сабер Чушан, кој беше уапсен во јануари 2024 година, беше осуден на смрт од суд во Набел откако беше прогласен за виновен за „навреда на претседателот, министерот за правда и судството“ и ширење лажни вести.

Неговиот адвокат рече дека е „зачуден“ од смртната казна, за која групите за човекови права велат дека претставува застрашувачко ново ниво на репресија во Тунис.

Туниската група за човекови права CRLDHT, со седиште во Париз, изјави дека пресудата претставува „сериозен преседан“ и дека Тунис „достигнала невидено ниво на кршење на човековите права“.

Тунижанец ќе биде погубен зашто напишал статус на „Фејсбук“ против претседателот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот