Сенатори: Украина да добива од САД по 300 милиони долари воена помош годишно

Сенат САД
Сенат на САД / Фото: Архива на Слободен печат

Американски сенатори предлагаат САД да и доставуваат секоја година на Украина воена помош во износ од 300 милиони долари.

Предлог законот, кој е поддржан и од републиканци и од демократи, е поднесен денеска.

Предлагачите сметаат дека е потребно да се издвојат по четири милиони долари за обука на офицери во Украина.

Минатиот месец Пентагон ги соопшти своите планови за доставување воена помош за Украина од 250 милиони долари. На почетокот на овој месец демократите предложија сумата да се зголеми во 2021 година за уште 25 милиони долари. Дополнителни средства да бидат наменети за обука на војниците, вооружување, логистика и разузнавање. Претходно, беше објавено дека финансиите ќе бидат потрошени за „зајакнување на можноста на Украина поефикасно да се одбрани од руската агресија”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот