2018. EPA-EFE/FILIPPO VENEZIA

Селекторот кој ја предводеше Италија против Македонија го допре дното, доби отказ од второлигашка екипа

Кариерата на Џан Пјеро Вентура во последно време оди во надолна линија.

Џан Пјеро Вентура кој беше селектор кога Италија одигра два натпревари против Македонија (1:1, 3:2) во квалификациите за пласман на СП 2018 година во Русија, доби нов отказ во Серија Б.

Вентура кој ќе остане запомнет како селектор кој за прв пат не успеа да ги однесе „аѕурите“ на Светско првенство, доби отказ во Салернитана.
Првиот човек на тимот од втората лига е претседателот на Лацио, Клаудио Лотито по натпреватот на Салернитана против Специја (1:2) во Серија Б го нарече Вентура лудак поради неговите измени на овој дуел и потоа му врачи отказ.

Салернитана потврди дека 72-годишниот Вентура повеќе не е тренер откако сезоната во Серија Б ја заврши со скор од 14 победи, 10 нерешени натпревари и 14 порази со што на крајот го освои 10. место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот