Сексуалниот живот на жирафите е многу почуден отколку што си мислите

Фото: Wikimedia Commons

Ако мислите дека имате проблем да препознаете кому сте му симпатија, само бидете благодарни дека не се жирафи. Како и многу други животни со рамни копита, како што се козите или антилопите, машките жирафи треба да ја анализираат урината на женката жирафа, за да дознаат дали се потенцијални кандидати за правење бебе жирафа, пишува „Сајенс алерт“ (Science alert).

Фото: Public domain pictures

За жал, да се спуштиш до земјата за да успееш да помирисаш урина, не е лесен потег ако си животно високо неколку метри. Затоа, мажјаците мораат прво да ги убедат женките да уринираат, за потоа во самиот момент да се потрудат да го фатат „уринарниот отпад“ во лет пред да падне на земјата.
Имајте го ова на ум следниот пат кога ќе изигнорирате некоја порака во инбокс.

Тајните на сексуалниот живот на жирафите, како и ритуалот на тагување ги објаснија двајца ветеринарни научници Линет Харт и Бенџамин Харт, во нова набљудувачка студија.

„Жирафите мажјаци не ризикуваат да се спуштат долу до земјата, поради екстремната структура на нивниот врат и глава“, објаснува Линет Харт.

Двајцата научници ги набљудувале овие високо социјални животни, кои се собирале кај водените дупки во националниот парк во Намибиа, Естонија, за да видат како се однесуваат мажјаците. Тие заклучиле дека машките жирафи имале приближно 102 обиди да ги истражат женките.

„Мажјаците буквално треба да ги поттикнат женките, на нивни начин да им кажат: ‘Те молам уринирај сега’ и често тие соработуваат. Но, пред сѐ, тие мора да ги убедат, а ако не им успее, знаат дека повеќе немаат шанса“, објаснува Харт.

За да се случи ова, мажјакот мора да ја потчукне или подбуцне женката по задникот. Во некои случаи само стојат на страна и чекаат, додека, пак, некои од женките ќе чекаат да им се доближи мажјак за да почнат да уринираат.

Кога мажјакот ќе успее да „фати“ урина во неговата уста, ја крева главата со цел урината да помине низ специјален отвор во усната празнина и да стигне до таканаречениот вомероназален орган. Со ова тој прави проценка на женските феромони за да види дали би можеле да се спарат.

Фото: Wikimedia Commons

Истражувачите исто така откриле дека жирафите испуштаат предупредувачки крици. Во минатото се мислело дека тие се бесшумни животни, односно дека не испуштаат крици, но во последните набљудувања откриле дека тие умеат да кашлаат, свират, грофтаат, па дури и морничаво си потпевнуваат во текот на ноќта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот