Секс-скандал во велешката гимназија: Професор наводно спиел со ученичка

Фото: илустрација

Скандалозно обвинување го потресе средното општинско училиште „Кочо Рацин“ во Велес – аудиоснимка на која наводно се слушал разговор за кој се тврди дека е меѓу професор и ученичка, кои зборувале за сексуални односи кои ги имале, била испратена до директорот на училиштето, кој пријавил во полиција.

„Директорот на СОУ „Кочо Рацин“ во Велес пријавил дека на 15.10.2022 преку социјалната мрежа „Фејсбук” од непознат профил добил аудио снимка со разговор за наводен сексуален однос меѓу професор од неговото училиште и девојче“, велат од МВР.

Од полицијата велат дека до директорот била испратена и заканувачка СМС-порака – дека ако не реагира со мерки против професорот, ќе настрада тој самиот.

Од МВР додаваат дека работат на расчистување на случајот – утврдуваат чии гласови се слушаат на снимката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот