Фото: Профимедиа

Секоја жена во менопауза треба да јаде семки од тиква: Помагаат кај 10 здравствени проблеми

Тиквата, позната и како „кралица на есента“, е исклучително богата со хранливи материи. Во тиквата, односот на микроелементи, е толку сложен што одлично му одговара на нашето тело како целосна храна.

Содржи калциум, калиум, фосфор, магнезиум, селен, цинк, железо, бета-каротен, манган, дел од витамините од групата Б и витамин Е (особено во семките), а бидејќи е лесно сварлива, може да ја консумираат и лица кои имаат проблеми со варење на храната.

Семките од тиква одамна се користат во медицински цели поради исклучително корисното својство за здравјето. Богати се со магнезиум, калциум, калиум, железо, цинк, витаминот К и омега-3 масните киселини.

Исто така, ја содржат аминокиселината триптофан која создава серотонин – хормон за среќа кој влијае на доброто расположение и квалитетниот сон.

Семките од тиква се исклучително корисни за жените во менопауза, кај кои доаѓа до појава на остеопороза поради недостигот на витаминот Д и цинкот. Токму семките од тиква се еден од најбогатите извори на цинк, минерал кој ги зајакнува коските.

Најздраво е да јадете сирови семки од тиква, бидејќи со термичката обработка се уништува сета нивна хранлива вредност.

Доколку немате проблем со телесната тежина, дозволено е дневно да изедете 100 грама семки од тиква, а доколку имате прекумерна тежина, тогаш се препорачува да изедете 30 грама семки.

За спокоен сон

Ако страдате од несоница, нутриционистите советуваат еден час пред спиење да намачкате парче леб со мед и да додадете семки од тиква. Тоа ќе ви помогне да се смири нервниот систем и да се опушти телото.

Помагаат во борбата против рак

Студиите што ги спровеле шпанските научници покажале дека семките од тиква содржат соединенија кои успешно се борат против клетките на ракот. Друго истражување покажало дека жените кои секојдневно консумираат семки од тиква имаат за 23 отсто помал ризик од појава на рак на дојка.

Го зајакнуваат имунитетот

Освен што изобилуваат со магнезиум, семките од тиква се богат извор и на цинк, што помага при регулацијата на имунолошкиот систем, па така го намалуваат ризикот од вирусни инфекции при настинка или грип.

Ги ублажуваат симптомите на менопаузата

Ги регулираат нападите на жештина (валунзи), главоболката, ја намалуваат болката во зглобовите и го регулираат променливото расположение.

Го намалуваат холестеролот

Научниците докажале дека семките од тиква го зголемуваат нивото на добриот холестерол (ХДЛ) и го регулираат крвниот притисок. Го намалуваат лошиот холестерол за 13 отсто и ризикот за појава на крвни згрутчувања, болести на кардиоваскуларниот систем, мозочен и срцев удар.

Штитат од дијабетес

Докажано е дека се делотворни во регулирањето на нивото на шеќер во крвта и ја зголемуваат чувствителноста на телото на инсулин.

Добри се за слабеење

Тие се богат извор на влакна и протеини, материи кои се клучни за слабеењето.

Го подобруваат расположението

Одлични се за физичкото, но и менталното здравје. Научниците докажале дека семките од тиква покажуваат одлични резултати во намалувањето на симптомите на депресија, одлични се за намалување на стресот и анксиозноста.

Го олеснуваат артритисот

Семките од тиква имаат ативоспалително дејство кое ги ублажува симптомите на артритис, тврдат научниците.

Спречуваат појава на остеопороза

Тие се одличен извор на цинк, минерал кој е потребен за изградба на коските. Само еден грст семки од тиква содржи дури 17 отсто од препорачаната дневна вредност за цинк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот