Седуммина повредени во сообраќајки во Скопје

Фото: Илустрација

Седум лица се здобиле со лесни телесни повреди во седум од вкупно 12 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во пет е причинета материјални штета

Според податоците на СВР Скопје, полицијата од сообраќај исклучила 13 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило,  13 со истечена важност на сообраќајна дозвола и 18 нерегистрирани возила.

Казнети се и 70 возачи за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак” подигнати се 52 возила.

Санкционирани се и тројца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, двајца пешаци кои поминале коловоз на црвено светло, седум возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, седум возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, четири возачи за не правилно престројување, еден за неправилно престигнување, тројца за не користење на заштитен шлем од страна на возачите на вел со мотор, мопед и мотоцикл, пет за не носење сигурносен појас од страна на возачите за време на управување на моторни возил и 18 за користење на мобилен телефон од страна на возачите за време на управување на моторни возила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот