
Седум рецепти за ручек за жени кои сакаат да ослабат: 600 калории, а ќе ве држат сити цел ден
Ако не сакате да се здебелите, треба да се фокусирате на балансиран внес на зеленчук, протеини, здрави масти и сложени јаглехидрати. Предложените оброци се заситувачки, вкусни и лесни за варење.
Препорачано
За сите оние жени што сакаат да ослабат, ви претставуваме предлог мени за следните 7 дена. Станува збор за здрави и балансирани оброци. Сè што треба да направите е да водите сметка да не се прејадувате и вашиот појадок и вечера да бидат исто така лесни.
Понеделник
Ден 1 – Пилешка салата со киноа и авокадо
Состојки:
– 100 г пилешко на скара
– 50 г варена киноа
– ½ авокадо
– чери домати, рукола, краставица
– маслиново масло, сок од лимон, сол, бибер
Подготовка:
Сварете ја киноата, испечете го пилешкото, измешајте ги готовите состојки, додадете чери домати, рукола и краставица. Направете прелив од половина авокадо, маслиново масло, сок од лимон, сол и бибер.
Вторник
Ден 2 – Зеленчук на пареа со тофу
Состојки:
– 150 г тофу сирење
– брокула, пиперки, тиквички, моркови (по еден грст од секој зеленчук)
– лажица соја сос, малку маслиново масло, лук
Подготовка:
Тофуто пропржете го во малку масло, додадете зеленчук и динстајте на тивок оган околу 10 минути со соја сос. По желба, наросете со сусам.
Среда
Ден 3 – Супа од леќа и зеленчук
Состојки:
– 100 г црвена леќа
– кромид, морков, целер, лук
– доматно пелато пире, маслиново масло, зачини
Подготовка:
Динстајте ги кромидот и другиот зеленчук, додадете леќа и доматно пире, прелијте со вода и гответе 20 минути додека не омекне. По желба, блендирајте во густа чорба (потаж). Можете да го понесете овој оброк во термос и да уживате во зготвеното јадење, без мака.
Четврток
Ден 4 – Печен ослиќ со зеленчук
Состојки:
– 150 г филе ослиќ
– тиквички, црвена пиперка, кромид, домат
– маслиново масло, лимон, оригано
Подготовка:
Рибата и зеленчукот ставете ги во огноотпорен сад, прелијте со масло и лимон, зачинете и печете 25 минути на 200 степени Целзиусови.
Петок
Ден 5 – Зелен оброк со јајца
Состојки:
– 2 варени јајца
– варен спанаќ или блитва
– 1 лажичка маслиново масло
– малку интегрален леб или компири (по желба)
Подготовка:
Сварете ги јајцата и компирите. Во подлабога тава, малку подинстајте ја сварената блитва, потоа додадете го лукот, а потоа и коцките од варените компири. Зачинете сè, а при сервирање, во тоа додадете ги и варените јајца.
Сабота
Ден 6 – Турски полнет модар патлиџан
Состојки:
– 1 голем модар патлиџан
– кромид, лук, домат, магдонос
– маслиново масло
Подготовка:
Исечете го и издлабете го модриот патлиџан и испечете го во рерна. Издинстајте ги кромидот, лукот и доматот во масло, додадете го магдоносот и со смесата наполнете го модриот патлиџан и печете уште 10 минути.
Недела
Ден 7 – Салата со туна и варено јајце
Состојки:
– 1 мала конзерва туна во сопствениот сок
– 1 варено јајце
– маслинки, рукола, краставица, пиперка, пченка (по желба)
– маслиново масло, оцет, зачини
Подготовка:
Сварете ги јајцата, па соединете ги со туната, маслинките, руколата, краставицата, пиперката и пченката по желба. Додадете го и преливот (дресинг) од маслиново масло, оцет и зачини по вкус.