Седници на собраниските комисии за европски прашања и за финансирање и буџет

Зграда на Собранието на Република С. Македонија/ фото: Слободен печат - Драган Митрески

Во Собранието за денеска се најавени седници на комисиите за европски прашања, за финансирање и буџет и на Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за европски прашања се предлог законите за изменување на Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема и на Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад, двата по скратена постапка.

Пред Комисијата за финансирање и буџет се Предлог законот за изменување на Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација и Предлог законот за гаранција на Македонија на обврските по Договорот за заем за дополнително финансирање на проектот за надградба и развој на патишта, кој ќе се склучи меѓу Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка и Јавното претпријатие за државни патишта, двата по скратена постапка.

Законите за кои ќе расправаат комисијата за европски прашања и за финансирање и буџет треба да бидат разгледани и од Законодавно-правната комисија, која, пак, ќе расправа и по Барање за давање автентично толкување на член 93 од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија„ број 32/20 и 111/23) поднесено од пратеникот Мартин Костовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот