Се заканува хуманитарна катастрофа, по земјотресот сирискиот водоводен систем пред колапс

Земјотрес Сирија/ Фото: OZAN KOSE / AFP / Profimedia

Водоснабдителниот систем во северозападната сириска провинција Алепо, застарен и оштетен од војната, се наоѓа во опасност од колапс по земјотресот од 6 февруари, предупреди денеска Меѓународниот комитет на Црвениот крст.

Во земјотресот и вторничните потреси на сириска страна од границата загинаа околу 6.000 лица, а повеќето од жртвите се во областа под контрола на бунтовниците во близина на границата со Турција.

Земјотресот предизвика и директна штета на тамошната водоводна инфраструктура, намалувајќи ја нејзината ефикасност и зголемувајќи го ризикот од загадена вода, соопшти Меѓународниот комитет на Црвениот крст со седиште во Женева, предупредувајќи на „можен колапс“ на водоводниот систем.

-Застрашувачки голема е можноста за разорни последици по јавното здравје како резултат на земјотресот, изјави Фабрицио Карбони, регионален директор на Меѓународниот комитет на Црвениот крст за Блискиот и Блискиот Исток.

Во делови од Сирија веќе е проширена колера, а од потресот досега се пријавени најмалку два смртни случаи.

За време на земјотресот беа уништени и многу резервоари за вода на покривите, што изврши дополнителен притисок врз системот веќе оштетен по 12 години граѓанска војна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот