Лансирање на ракетата на НАСА „Европа Клипер“ / Фото: Manuel Mazzanti/NurPhoto/Shutter / Shutterstock Editorial / Profimedia

Се верува дека таму има живот: НАСА испрати вселенско летало до месечината на Јупитер

Американската национална вселенска агенција (НАСА) лансираше вселенско летало до сателитот Европа, замрзнатата месечина на Јупитер, каде, како што се верува, би можело да има вонземски облик на живот во огромен океан под ледената површина.

Леталото „Европа Клипер“ ќе патува пет и пол години до Јупитер, каде што ќе влезе во орбитата околу оваа огромна гасна планета и ќе помине блиску до сателитот Европа, пренесува „АП“.

На пат кон Јупитер, освен ако не се појават непредвидени проблеми, вселенското летало тешко шест тони, најголемото што некогаш НАСА го изградила за планетарна мисија, ќе помине покрај Марс и ќе се врати во орбитата на Земјата пред да се катапултира кон Јупитер и да прелета повеќе од три милијарди километри за да стигне до нејзината дестинација во 2030 година.

Научниците се речиси сигурни дека има длабок замрзнат океан под ледената кора на Европа и укажуваат дека таму каде што има вода, може да има и живот, што ја прави оваа месечина едно од посоодветните места за потрага по живот.

Сепак, леталото „Европа Клипер“ нема да бара никаква форма на живот бидејќи нема детектори за ваков тип на истражување.

Инструментите и сондите на леталото ќе ја скенираат површината на сателитот Европа за траги од органски соединенија и ќе ги детектираат гасовите што се ослободуваат, за да проценат дали сателитот на Јупитер е погоден за живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот