Сè уште е студено: Дали треба кучињата да ги покриваме со дебели ќебиња и гломазни прекривки?

Фото: Jane Rubtsova / Panthermedia / Profimedia

Домашните миленици сакаат да поминуваат време покрај своите сопственици, а во зимскиот период неретко се качуваат на креветите во домот за да се стоплат покрај некоја мека прекривка. Но, што ако креветот е покриен со волнена прекривка или дебело ќебе? Дали нивната тежина е безбедна за нашите кучиња и мачки?

Пред да го пуштите вашиот миленик под топлиот јорган, ова се работите што треба да ги знаете во врска со покривањето на вашето куче или мачка, пишува „Телеграф“.

Дали е безбедно милениците да спијат под тежок јорган?

Постојат прекривки кои тежат од 5 до 10 килограми. Таквите ќебиња или јоргани се соодветни за возрасен човек од најмалку 50 килограми, но ако едно животно се покрие со нив – ќе му биде тешко да се извлече.

Дали имате мало куче од неколку килограми, како што се оние од расата чивава? Нема шанси овие миленици да излезат од под тешкото ќебе и ако не сте во нивна близина – може да останат заробени. Покрај тоа, тежок јорган може да направи силен притисок врз градите на вашето домашно милениче и да предизвика паника поради проблеми со дишењето. Ако кучето или мачката имаат астма или проблеми со дишењето, оваа тежина на ќебето ќе биде опасна за нив. Мачките и кучињата кои имаат рамно лице и скратен нос, како што се бурманските, хималајските и персиските мачки, како и англиските и француските булдози, бостонските териери и боксерите се особено изложени на ризик.

Вашето милениче ќе биде изложено на уште поголема опасност ако ќебињата имаат украси во форма на реси или мониста – милениците можат да го проголтаат. Некои производители на ќебиња прават полнети ќебиња специјално за домашни миленици. Тие се лесни и дизајнирани за средни и големи раси на кучиња.

Лесното ќебе од вештачко крзно е најдобрата опција за покривање на вашиот домашен миленик.

Со што да го покриете вознемирениот миленик?

Многу кучиња и мачки стануваат вознемирени кога нивните сопственици ја напуштаат куќата, ако слушнат звуци како огномет или доживеат грмотевици.

Наместо да му земете ќебе на вашиот миленик, подобра опција е да му купите елек или топла јакна, како и меки играчки со кои ќе си играте додека сте отсутни. Кога ќе се вратите дома, дајте му на вашето куче или мачка што е можно повеќе време, внимание и љубов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот