Се самоуби синот на Никита Хрушчов, Сергеј си пукал во глава, сопругата јавила во полиција

Фото: Profimedia

Хрушчов емигрирал во САД во текот на 90-тите години од минатиот век, а во 1999 година добил американско државјанство.

Синот на поранешниот советски лидер, првиот секретар на комунистичката партија на Советскиот Сојуз Никита Хрушчов, Сергеј Хрушчов, почина откако си пукал во глава, објави вработениот во одделението за осноси со јавност на Департманот за здравствена заштита на државата Роуд Ајленд, Џозеф Венделкен.

Тој додаде дека не знае точно во кој дел од главата е погоден, а не одговори нуту дало смртта настапила моментално. Случајот е окарактеризиран како самоубиство зошто нема знаци на насилна смрт.

Претходно медиумите, повикувајќи се на заклучоците од судско-медицинското вештачење, напишаа дека Хрушчов починал од последиците на ранувањето во глава со огнено оружје.

Полицијата пристигнала во куќата на Хрушчов минатиот четврток по повико од неговата сопруга. Пронајден е мртов, а кривична постапка не е покрената.

Сергеј Хрушчов почина во 85. година од животот. Инаку во СССР работел како инженер за вселенски системи, поради што во 1963 година добил Орден херој на трудот.

Меѓутоа, Хрушчов емигрирал во САД во текот на 90-тите години од минатиот век, а во 1999 година добил американско државјанство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот