Се садат дабови на патеката кон Марково Крувче на Водно

Фото: ЈП „Паркови и зеленило“

Теренските екипи на ЈП „Паркови и зеленило“, продолжуваат со садење дабови садници на Водно.

Садењето, кое како што велат од претпријатието е дел од активностите за пошумување на парк шумата Водно, се одвива на десната страна на патеката кон Марково Крувче на Средно Водно, а ќе продолжи наредниот период.

Една од секојдневните активности кои се спроведуваат на Водно е и собирањето на смет и отпадоци.

Идеално би било кога при посета на парк-шумата отпадоците ги понесеме назад со себе во ранецот, или пак да ги фрлиме во поставените дрвени корпи за отпадоци, но наместо тоа, тие најчесто се расфрлаат на падините на Водно. Да бидеме совесни, да ги чуваме околните зелени површини и планини!, апелираат од ЈП „Паркови и зеленило“.

Фото: ЈП „Паркови и зеленило“
Фото: ЈП „Паркови и зеленило„

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот