Се реконструираат патеките во Зоолошката градина

Фото: Град Скопје

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ по налог на Град Скопје, започнаа со реконструкција на дел на патеките во Зоолошката градина – Скопје.

– Екипите започнаа со отстранување на оштетените бекатон плочки, по што ќе следи асфалтирање и реконструкција на површина од околу 200 метри квадратни. Во наредниот период Градот Скопје заедно со ЗОО Скопје, ќе продолжи со спроведување низа активности со кои ќе се подобрат условите на живеалиштата на животните, како и инфраструктурата којашто ќе овозможи подобри услови за посетителите на скопската зоолошка градина – најавуваат од Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот