Се пошумува Водно

Пошумување на Водно Фото: Град Скопје

На Средно Водно неделава се садеа дабови стебла, со што започна големата еколошка акција, во која ќе учествуваат повеќе од 500 учесници

Градоначалничката на Град Скопје заедно со екипи од скопските јавни претпријатија со засадување на дабови дрвја ја најавија големата еколошка акција за пошумување на парк шумата Водно, а која со реализација на бројни активности на садење дрвја и садници ќе продолжи до крајот на месец март.

На повисоките делови на Водно најчести се дрвјата од видот костен, даб, јасен и габер, додека во рамките на пошумените делови на планината особено се значајни и атрактивни честите насади на црн бор.

„На Средно Водно неделава се садеа дабови стебла, со што започна големата еколошка акција, во која ќе учествуваат повеќе од 500 учесници во која на два хектари земја ќе бидат засадени 120 стебла костен и 400 стебла зимзелени садници. Во акцијата покрај вработените во скопските јавни претпријатија, ќе учествуваат и учениците од 23 средни училишта на Град Скопје, како и бројни организации и граѓани кои ги сакаат Скопје и Водно, се грижат за животната средина и квалитетот на живот во градот“, информираа од Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот