Фото: Принтксрин/Јутјуб

Сè поради Блејк Лајвли: Тејлор Свифт се повлече од јавноста, но и од својата пријателка

Тејлор Свифт се најде во центарот на вниманието поради правната драма на Блејк Лајвли и Џастин Балдони. Иако таа не е директно вмешана во случајот, Свифт мораше да се справи со медиумското внимание што го привлекува нејзината блиска пријателка поради правната битка со актерот која започна на сетот на филмот „Ова завршува со нас“.

Популарната пејачка долго време е во центарот на вниманието поради нејзините лични и професионални проекти, со кои собори некои светски рекорди, а одмор од турбулентните настани најде во прегратките на нејзиниот партнер Тревис Келче.

Сепак, постапките на Блејк Лајвли секако имаа влијание врз нејзиниот период за релаксација и одмор на кој се надеваше Свифт.

Извор за „Пејџ Сикс“ изјави дека поп-суперѕвездата е силна жена и не се крие од ништо, туку одмара:

„Тејлор само ужива со Тревис Келче“.

Свифт не е обвинета за ништо, туку нејзиното име се споменува во контекст на поголем скандал. Имено, Блејк Лајвли го искористи влијанието на популарната пејачка за да влијае на одлучувањето на Џастин Балдони, поточно да го натера да ги слуша нејзините совети.

Поради сето ова, Тејлор Свифт одлучила некое време да не комуницира со Блејк Лајвли.

„Тејлор проверува кои од нејзините пријатели се добри за неа, а кои се таму за лична корист“, изјавил еден од изворите, додека друг додал:

„Засега се оддалечи од Блејк затоа што не сака да биде вмешана во сè ова повеќе отколку што веќе е, што е многу повеќе отколку што некогаш требало да биде“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот