
Се појавија слики од принцезата од Дубаи, прекина кампањата за нејзино ослободување
Се прекина кампањата за осободување на принцезата Латифа, ќерката на владетелот на Дубаи, откако беше фотографирана со членовите од нејзиното семејство на Исланд, пренесува Скај њуз.
Препорачано
Фотографиите беа синоќа објавени на Инстаграм профилот од страна на нејзината пријателка.
View this post on Instagram
Пред неколку месеци беа објавени снимки од принцезата во кои таа го обвинуваше нејзиниот татко дека присилно ја затворал.
Снимките ги осудија меѓународните заедници, а Обединетите нации бараа доказ дека 35-годишната принцеза е жива.
Во меѓувреме нејзината пријателка Сионед Тејлор објави заеднички фотографии со принцезата.
Но, не беше познато колку всушност принцезата е слободна бидејќи се немаше јавно огласено од појавата на тие фотографии.
Кампањата „Ослободете ја Латифа“ во понеделникот соопшти дека принцезата се сретнала со својот роднина Маркус Есабри на Исланд.
Латифа е една од 25-те деца на шеикот Мухамед бин Рашид Ал Мактум, која што проба да побегне од Дубаи во 2018-та година.