Се планираат нови монтажни катни гаражи на неколку локации во Скопје

Катна гаража / илустрација

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, секретарот на Град Скопје, Ѓоко Велковски и директорот на ЈП „Градски паркинг” Бојан Христовски, денеска извршија увид на терен за започнување на изградба на нови монтажни катни паркиралишта на неколку локации, од кои една до ТЦ „Чаирчанка”, на улицата „Цветан Димов”, во Општина Чаир.

Како што соопшти Град Скопје, планирани се нови монтажни катни паркиралишта на неколку локации во Скопје, меѓу кои е и паркингот до трговскиот центар „Чаирчанка”. Станува збор за простор на кој се планира да се изгради монтажно паркиралиште за да се зголеми бројот на паркинг места во овој дел на градот.

-Со изградбата и дополнително овозможување на простор за нови паркинг места ќе се решат долгогодишните проблеми со паркирањето во овој дел од градот, велат од Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот