Се ожени Зекири, кум на свадбата бил премиерот Заев

Мухамед Зекири / СП. архива

Пратеникот Мухамед Зекири стапи во брак со поранешната директорка на телевизијата „Алсат М“, Бисера Јордановска, пренесе Фактор.

Кум на свадбата бил премиерот Зоран Заев заедно со неговата сопруга Зорица Заева. На свадбената прослава присуствувале и блиските пријатели на Зекири и Јордановска, меѓу кои бројни новинари, нивни поранешни колеги и јавни личности. Венчавката и свадбата се случиле во скопскиот хотел „Double Tree by Hilton”.

Бисера Јордановска, пак, е поранешна директорка на „Алсат М“ телевизија. Нивната љубов „успеа да ги преброди сите препреки и предрасуди, а сега да биде крунисана и со брак”, пишува Фактор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот