игра на тронови
Фото Профимедиа

СЕ ОГЛАСИ АВТОРОТ: Во книгите многу ликови од „Игра на тронови“ преживуваат

По осум сезони емитување, беше прикажана и последната епизода од „Игра на тронови“, серија која несомнено направи бум и привлече многу внимание кај публиката.

Впечатоците се најразлични, на некои им се допаѓа завршницата, на други не, а има и такви кои се сосема рамнодушни кон целата серија. Она што е важно да се спомне е дека голем број епизоди, а особено целата осма сезона не ги следи книгите од причина што последните две не се ни напишани.

По повод крајот на серијата, се огласи и самиот Џ.Р.Р. Мартин:

„Долго време работам со Дејвид и Ден, не заборавајте на тоа. Тие имаа само осум часа за да ја спакуваат во нив осмата сезона. Моите две последни книги, ‘Ветрови на зимата’ и ‘Сон за пролетта’ ќе имаат околу 3.000 страници ракопис. А, ако има потреба од повеќе страници, ќе ги додадам и секако, ќе има и ефект на пеперутка“, изјавил тој.

Тој нагласува дека иако во серија умираат, голем дел од тие ликови во неговата верзија остануваат живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот